02 308 50 05

impulsi@impulsi.com.mk

ЈУЛИ! ГО ЗАПОЧНУВАМЕ НАШИОТ НОВ ЕРАСМУС ПРОЕКТ:
„РЕЗУЛТАТИ ОД УЧЕЊЕТО ВО ОБРАЗОВАНИЕТО НА ВОЗРАСНИТЕ “

Број на проект: 2022-2-PL01-KA210-ADU-000094502
Времетраење на проектот: 01.07.2023-30.06.2024
Лидер – ЕВАКО, Полска
Партнер – ИМПУЛСИ, Македонија

КЛУЧНИ ПРОЕКТНИ ЗАДАЧИ СЕ:

Задача 1. Собирање информации и добри европски практики во дефинирањето на резултатите од учењето и методите за нивна верификација во образованието на возрасни.

Првата задачи содржи неколку чекори, и тоа:

Чекор 1: Експертски состанок за детално одредување на чекорите и дефинирање насоки за
тимските активности.
Чекор 2: Анализа на документи и постоечки норми во партнерските земји.
Чекор 3: Собирање на добри практики од европскиот пазар.
Чекор 4: Работилници според методата за Design thinking со меѓународни експерти за
дефинирање на резултатите од учењето и методологиите. Ова ќе овозможи разбирање на
методите за верификација во образованието на возрасни и постоечките системи за негово
дефинирање, што ќе доведе до развој на програма за обука на обучувачи за образование на
возрасни. Работилниците ќе се одржат онлајн.
Чекор 5: Заедничка изработка на универзален извештај кој ќе ги резимира добиените сознанија и
добрите практики, опишувајќи ги начините на дефинирање на резултатите од учење за возрасните
и методите за нивна верификација.
Чекор 6: Подготвување на препораки за развој на програми за обука на обучувачи во оваа област.

Задача 2. Развивање и тестирање на образовни материјали

Целокупната активност вклучува различни активности како:
• Затворени тематски состаноци со експерти
• Вебинари и интерни обуки
• Работни групи

• Соработка за создавање на материјали, инфографики и тематски анализи од страна на
партнерите
• Учество во нови иницијативи
• Заеднички напори за промоција на идејата за дефинирање на резултатите од учењето во
образованието на возрасните
• Меѓусебно учење и развој на иновативни решенија

Образовните материјали ќе се состојат од најмалку 3 модули:
• Значењето на правилно дефинирање на исходите од учење и методите на валидација за
учениците, обучувачите, експертите, оценувачите и заинтересираните страни.
• Правилно дефинирање на резултатите од учење.
• Правилно одредување на методите на валидација.

Секој модул ќе содржи:
• Самооценка на постоечките знаења и вештини на учесниците.
• Сценарио за модулот за обучувачите (вклучувајќи го дефинирањето на резултатите од учењето).
• Мултимедијална презентација.
• Три подкаста.
• Четири квиза.
• Десет вежби.
• Сценарио за процесот на верификација.

Освен развиените образовни материјали, меѓу резултатите се и:
• Распространување на образовни материјали преку 3 вебинари – секое сценарио ќе биде
претставено како вебинар (отворена онлајн средба за заинтересирани учесници, со минимум 10
лица по група). Обучувачи, наставници, граѓански организации и образовни организации ќе бидат
поканети, овозможувајќи субстанцијална и методолошка евалуација на предложените решенија.
• Промоција на проектните производи онлајн.

Погледнете го ИЗВЕШТАЈОТ за првата задача.