02 308 50 05
impulsi@impulsi.com.mk
Сертифициран обучувач,
консултант за деловен
развој и човечки ресурси
Сертифициран обучувач,
деловен коуч и консултант
за човечки ресурси и маркетинг
Професор,
Кариерен советник,
Обучувач за возрасни
Кариерен советник,
Обучувач за меки вештини,
Point of you© коуч,
Консултант за човечки ресурси
Советник,
Oбучувач,
Mентор за кариерно советување
Биљана Велевска раководи со компанијата Самеримпекс Импулси од 2000 година. Дејноста е консултанство од областа на менаџментот, организацискиот развој, управувањето со човечки ресурси и развој на кадарот. Велевска има огромно искуство во управување со проекти, консултантство, анализи, дијагностики и обуки, како во приватниот, така и во јавниот сектор, како во Македонија, така и во странство Биљана Велевска е магистар по Европски менаџмент на Europa Institute во Германија. Поседува сертификат за SDI (Strengths Development Inventory) фасилитатор ниво II, и обучува SDI фасилитатори. Сертифициран меѓународен фасилитатор за кариерен развој и Неуролингвистички практичар. Има државен сертификат за обучувач на возрасни и за обучувач на обучувачи за возрасни. Основач е и член на Управен одбор на Асоцијацијата на советници за кариера (АСК).
Биљана Велевска раководи со компанијата Самеримпекс Импулси од 2000 година. Дејноста е консултанство од областа на менаџментот, организацискиот развој, управувањето со човечки ресурси и развој на кадарот. Велевска има огромно искуство во управување со проекти, консултантство, анализи, дијагностики и обуки, како во приватниот, така и во јавниот сектор, како во Македонија, така и во странство Биљана Велевска е магистар по Европски менаџмент на Europa Institute во Германија. Поседува сертификат за SDI (Strengths Development Inventory) фасилитатор ниво II, и обучува SDI фасилитатори. Сертифициран меѓународен фасилитатор за кариерен развој и Неуролингвистички практичар. Има државен сертификат за обучувач на возрасни и за обучувач на обучувачи за возрасни. Основач е и член на Управен одбор на Асоцијацијата на советници за кариера (АСК).
Повеќе од 20 години професионално искуство во областа на образованието како наставник, ментор и тренер за возрасни. Од 2019 година е сертифициран International VET teacher преку SFIVET (The Swiss Federal Institute for Vocational Education and Training).
Импресивно искуство во креирање програми, материјали и алатки за обука, насочени кон планирање и спроведување на активна методологија, градење преносливи вештини, поврзување на СОО со пазарот на трудот, градење капацитети на организации, советување за кариера итн.
Како меѓународно сертифициран советник за развој на кариера (GCDF – Global Career Development Facilitator), oд 2012 год. активно спроведува советување за кариера, професионална ориентација и градење вештини за вработување за ученици, млади невработени и ранливи категории граѓани. Во нејзиниот разновиден опсег се и искуствата како бизнис ментор на мали претпријатија со користење на современи алатки и техники за развој и унапредување на организациите и градење ефективни работни односи во нив. (Сертифициран обучувач и фасилитатор за Strengths Deployment Inventory (SDI).
Клучна цел во нејзината посветена работа е да ги зголеми капацитетите на младите и жените и да им помогне да развијат вештини за вработување и самовработување, како и да придонесе за зголемување на економскиот и деловниот развој. Сопствените професионални капацитети ги гради преку континурани обуки во земјата и странство (Швајцарија, Англија, Ирска, Шпанија, Хрватска, Полска)
Со својот позитивен пристап, одговорност и посветеност, воспоставува односи на почитувани со сите свои клиенти и соработници. Ориентирана кон обезбедување поддршка и помош, како волонтер на Црвениот крст, таа реализира активности за градење лидерство и меки вештини меѓу младите.
Повеќе од 20 години е активно вклучена во програми за едукација на млади и возрасни преку формално и неформално образование работејќи како професор, предавач, сертифициран обучувач на возрасни, советник за развој на кариера и експерт за развој на човечки потенцијал.
Катерина има огромно професионално искуство и во креирање на наменски програми за јакнење на лидерски вештини, организациско и тимско зајакнување и развој, обуки за меки вештини како што се управување со време, тимска работа, ефективна комуникација и справување со конфликти, грижа за клиенти и team building настани. Од 2012 година наваму, таа е вклучена во активности како индивидуално и групно советување и проекти поврзани со развој на кариера.
Активно учествува во неколку ERASMUS + проекти во партнерство со организации од Полска, Шпанија, Кипар, Турција, Летонија и Чешка.
Катерина поседува државен сертификат за обучувач на возрасни, GCDF Советник за кариерен развој, SDI (Strengths Deployment Inventory) фасилитатор, Point of you© коуч, консултант за човечки ресурси – Регрутација и селекција врз база на компетенции. Претседател е на Собрание на Асоцијацијата на Советници за развој на кариера, АСК.
Таа силно верува во моќта на доживотното учење како и во секојдневниот предизвик својата лична животна мисија да ја пренесе на што повеќе луѓе помагајќи им да го достигнат својот потенцијал и да го пронајдат вистинскиот баланс и среќа во животот, откривајќи го своето IKIGAI.
Дипломиран комуниколог со десет години работно искуство во имплементација на проекти на USAID, UNDP и др., спојувајќи ги потребите на компаниите, студентите и други невработени лица. Како раководител на Центар за кариера во високо образовна институција дава активна поддршка во кариерно насочување на студентите и добро ги познава вредностите и трендовите кај малдите.
Лумтурије е сертифициран кариерен советник според програмата GCDF (Global Career Development Facilitator) и сертифициран SDI (Strengths Development Inventory) фасилитатор. Овие вештини ги користи во мотивирање, советување и насочување на баратели на работа, олеснување и посредување при вработување и кариерно советување на студенти и млади. Таа е обучувач во областа на професионален кариерен развој, професионална комуникација и однесување на работното место.
Во составот на Самеримпекс Импулси има искуство во реализација на проекти и обуки за компании од Македонија и Косово.