Анализа на работни места и Описи на работни места

Анализата на работни места и развојот на прецизни описи на работни места даваат поддршка на повеќе критични аспекти од управувањето со човечкиот капитал, како на приемр:

  • Регрутирање и селекција на најсоодветен кандидат

  • Развој на конкурентен систем за наградување

  • Индивидуалната продуктивност и ангажирањето на вработените

  • Насочување на работните процеси и отчетност

  • Идентификување на потребите за обука

  • Усогласеност со законите за работни односи и законодавството.

Листата продолжува. Без оглед на потребата, спроведувањето анализа на работните места и развој на точни описи на работни места е од суштинско значење и бара специфична експертиза и знаење. Импулси ги обезбедува овие услуги за нашите клиенти од 2000 година. Нашите експерти постојано се во чекор со промените во законската регулатива, како и најдобрите практики во индустрија, за да се обезбеди усогласеност на процесите и документацијата за работните местоа со законите, како и да се обезбеди поддршка на деловните активности на компаниите.

АНАЛИЗА НА РАБОТНО МЕСТО – ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА ДА СЕ БИДЕ УСПЕШЕН НА СООДВЕТНА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА?

 

Работните места се анализираат за да се идентификуваат барањата кои се потребни за вработените да бидат успешни на работа – помагајќи му како на работодавачот, така и на вработениот. Постојат бројни методи на анализа на работни места, вклучувајќи набљудување, интервјуирање, прашалници, профилирање на компетенции итн. Импулси користи комбинација на методи за да добиете најдобри резултати и секогаш се фокусира на самата работа, а не на лицето кое ја врши работата. Ова гарантира точност на функцијата на работното место, без оглед на тоа кој ја извршува.

Во зависност од природата на работата, како и проектната спецификација, Импулси ќе го примени својот пристап за анализа на работните места т.н Функционална Анализа, во чии рамки има двостепено расчленување и валидација на работата видена од страна на актуелниот работник и неговиот надреден, заради обезбедување усогласеност по назив и/или по област на работа.

ОПИСИ НА РАБОТНИ МЕСТА – ЗОШТО СЕ ЗНАЧАЈНИ И ШТО ТРЕБА ДА ОПФАЌААТ?

 

Описите на работните места се темел на организацискиот учинок (перформанси), и служат како клучен двигател за различните функции на управување со човечки ресурси. Во Импулси, развојот на ефективни описи на работните места е критичен дел од нашата филозофија „вистинската личност на вистинското работно место“. Описите на работните места развиени од страна на Импулси:

  • ги дефинираат работните места за планирање на учинокот, за трансфери, унапредувања, планирање на персоналот и за целите на кариерен развој

  • имаат стандарден облик и овозможуваат конзистентна примена

  • им даваат на вработените писмена дефиниција на нивните работни места

  • обезбедуваат спецификација на личноста, која претставува значаен придонес за интервјуата за работа

  • обезбедуваат сигурни податоци за дизајнирање на планот на наградување

  • им помагаат на организациите да делуваат брзо при зголемување или замена на кадарот како резултат на зголемените деловни активности или обрт

  • им помагаат на оние кои се одговорни за текот на работата да вршат систематска анализа на работните процеси на организациите од почеток до крај

  • помагаат во исполнувањето на важни законски обврски.

Во Импулси развиваме описи на работни места, кои се широки, описни и флексибилни за да се овозможи приспособување кон променливите потреби на вашата организација. Ние работиме со нашите клиенти на развивање ефективни шаблони, идентификуваме критични цели и уникатни карактеристики на нивната организација, а потоа помагаме да се воспостави и да се поврзе секое работно место со критичните цели на организацијата. Ова обезбедува усогласување на секое работно место со севкупниот успех на организацијата и истовремено ги обезбедува деталите кои се потребни за поддршка на ефикасното извршување на работата. Во исто време, секој опис на работно место развиен од страна на Импулси вклучува минимални и оптимални критериуми потребни за успешно извршување на работа, како што се потребните знаења, вештини и способности, одговорностите, структурата на известување, и типичните ментални и физички барања на работното место.

Контактирајте не