Организациска дијагностика

Организациската дијагностика е ефикасен начин за утврдување на празнините помеѓу тековната и посакуваната изведба во една компанија и како таа организација може да ги постигне своите цели. Дијагностиката која ја спроведува Импулси може да биде детална, за сите организациски функции и сите вработени, може да биде ограничена на сектор/тим или проект.

Импулси применува структуриран пристап кој ја проценува работата и ефикасноста на една организација. Тоа е процес во кој користиме прашалник за организациска дијагностика и интервјуа со клучните чинители. Потоа споредуваме со најдобрите практики во индустријата и даваме препораки за развој.

Во организациската дијагностика вклучуваме и проценки на вработените користејќи следни методи:

     – Тестови за општи способности

    – Прашалници

    – Набљудување од симулации

    – Студии на случај

    – Интервјуа

Нашите извештаи од дијагоностиката даваат и предлози за мерки и активности кои ќе водат кон подобрување на компаниските перформанси. Контактирајте со нашиот тим за да го проверите организациското здравје на вашата компанија и за да добиете рецепти за подобрување.

Контактирајте не