02 308 50 05

impulsi@impulsi.com.mk

HoReCa4VET за нови квалификации и зголемување на вработливоста во ХОРЕКА секторот

ХоРеКа секторот го сочинуваат хотели, ресторани и кафетерии (или кетеринг компании) и
претставува еден од најбрзо растечките сектори во светот, после туризмот. Најчесто го сочинуваат
мали и средни компании и е многу трудоинтензивен што значи дека економскиот раст има силно
влијание на вработеноста. Хотелите и рестораните се најголеми вработувачи на млади луѓе, а за
време на високата сезона, се вработуваат голем број на сезонски работници како поддршка на
редовниот персонал. Регрутирањето на работници во овој сектор може да биде проблематично,
најмногу поради природата на одредени работни услови како што се: долго работно време,
релативно ниски дневници и високо ниво на сезонска или привремена работа. Затоа е многу
важно секторот да стане попривлечен за обучените работници.

Инвестирањето во човечките ресурси и вештини (преку едукација и обуки) е признаено како еден
од основните двигатели за економски раст и социјална кохезија со бројни придобивки за
државите, компаниите и индивидуите.

Согледувајќи ги потребите на пазарот на трудот, 6 партнер организации од 5 земји и тоа, Полска,
Шпанија, Кипар, Турција и Македонија ги започнаа подготвителните активности преку Еразмус +
програмата, клучна акција „Соработка за иновации и размена на добри практики“ фокусирана на
„Стратешки партнерства за стручно образование и обука“.

Проектот именуван како „Квалификации на пазарот на труд – патоказ за намалување на јазот во
компетенциите помеѓу образованието и пазарот на труд во ХоРеКа секторот“ – HoReCa4VET, ќе
допринесе за идентификување на потребните знаења во рамките на оние кои се идентификувани
како потребни од страна на работодавачите врз база на моменталните потреби на пазарот на труд,
кои можат да се стекнат преку 3 квалификации кои се дел од проектот и тоа:

1. Креирање вкусови, декорирање на јадења
2. Раководење со кујна
3. Менаџмент во ХОРЕКА индустријата

Квалификациите развиени во овој проект ќе може да ги надополнат вештините стекнати преку
формалното и неформалното образование бидејќи се одговор на потребите на пазарот на труд
идентификувани во претходно истражување. Постигнатата квалификација ќе им обезбеди на
работодавачите квалификуван персонал, а на работниците ќе им овозможи да бидат
повработливи на пазарот на трудот. Идејата на проектот е да подготви активности за обука кои ќе
можат да се користат за да ги подготви компаниите и вработените за економско заздравување во
насока на зголемување на вработливоста на работниците, намалување на несоодветноста во
квалификациите и т.н. Истите можат да претставуваат почетна точка која е неопходна за
отпочнување на нова кариера или унапредување за вработените луѓе кои немаат потврдени
квалификации.

Интерактивна онлајн платформа за учење за HoReCa4VET
Сите материјали за обука и учење ќе бидат поставени на наменска онлајн платформа за учење која
ќе биде достапна на неколку јазици вклучително и на англиски и македонски. Платформата ќе

биде поделена на: дел за валидација и сертификација, каде корисникот ќе може да го најде
курикулумот, едукативните пакети, кои ќе му овозможат да помине на следно ниво –
сертификација со помош на низа тестови, игри, квизови и сл., така што ќе има алатки за проценка
на стекнатите знаења.

Целната група на проектот во главно вклучува лица кои спроведуваат или се заинтересирани за
спроведување на обуки во ХоРеКа како и институциите за стручно образование, вработени во
компании, вработени во институции кои се занимаваат со развој, валидација и сертификација на
професионални квалификации и компетенции, секторски и локални владини организации,
специјалисти за човечки ресурси, професионални и лични советници.
Повеќе детали за проектот и активностите ќе најдете на: http://horeca.projectsgallery.eu/

Билтен Март 2022

Билтен Јули 2022 

Билтен Септември 2022

Билтен Ноември 2022