02 308 50 05
impulsi@impulsi.com.mk
„Високо професионално ниво што
за нас како клиент беше од
исклучителна важност “
„ SDI Metodology е фантастична
алатка зa унапредување и развој на
професионални вештини “
„ Благодарни сме, и најсрдечно
ги препорачуваме услугите на
Самеримпекс Импулси за сите
компании “
Посебно сакам да го потенцирирам фактот дека процесот на реорганизацијата на компанијата, сите промени, учење на нови работи, посебно подготвка на менаџерскиот тим успеавме да го реализираме благодарејќи на безрезервното вложување на Биљана. Таа како водач на проектот имајќи ја визијата како треба да изгледа целиот процес постапно со многу тактичност, сигурност, смиреност пристапуваше кон вработените при внесување на нови работи. Биљана знаеше да се однесува и комуницира со луѓето на разни начини и нивоа што во многу прилики се покажа како клучен фактор за реализирање на одредени задачи.
Посебно сакам да ја потенцирам деловната етика кај Биљана која е на високо професионално ниво што за нас како клиент беше од исклучителна важност.
Во насока на остварување на целите на развој на организацијата и нејзините вработени, за мене како извршен директор посебно значење имаше блиската соработката која Биљана ја оствари со Менаџерот за човечки ресурси. Соработката придонесе Биљана преку разговори со Менаџерот да добие повеќе информации за сите вработени, да ги согледа слабостите и да понуди предлози за надминување на истите. Исто така, воочените позитивни одлики и промени кај вработените Биљана знаеше да ги истакне и пофали.
Благодарение на материјата од една страна како и одличното презентирање и имплементирање од страна на Биљана Велевска и Наташа Ивановска, како лиценцирани претставници на SDI Metodology во нашиот регион, слободно можам да потврдам дека SDI Metodology е фантастична алатка зa унапредување и развој на професионални вештини за специфични таргет групи на вработени, како што се комуникација со корисници, продажни вештини, соработка, делегирање и слични вештини.
Од друга страна правилното разбирање и совладување на SDI Metodology во голема мерка предизвика и влијани врз градењето и подигање на високо ниво на заедничката доверба, респект, дисциплина што од своја страна се битен предуслов да се достигне силен и компактен тим од една организација.
За крај на мојата топла и искрена препорака за имплементирање на SDI Metodology на една организација сакам да нагласам дека во презентираната материја од страна на Биљана и Наташа до нашата организација лесно беа препознатливи и компоненти на менторство и поддршка во кариерен развој кон сите слушатели на обуката.
Со примена на НЛП, СДИ и други продажни методологии, преку комбинација на теорија и практични вежби, учесниците се стекнаа со подобрени компетенции во продажната комуникација, препознавање на различни типови личности според нивните вредносни системи и покажаа голем интерес и задоволство од начинот на водење на обуката (примена на коучинг пристап и иницирање на менторство меѓу вработените).
Резултатите што ги забележавме во периодот по спроведената обука/тренинг беа зголемена мотивација, подобра комуникација, зголемена продажба до 20% и намален обрт на вработени.
Искрено сме благодарни, соработката ја продолжуваме и најсрдечно ги препорачуваме услугите на компанијата Самеримпекс Импулси за сите компании коишто имаат голем број вработени, особено во малопродажба.