КОИ СМЕ НИЕ?

САМЕРИМПЕКС ИМПУЛСИ е основана 1992 година. Специјализирана
е за обезбедување интегрирани решенија за човековиот капитал во
фирмите, како и за поддршка на нивниот организациски развој.

Наша примарна улога во Самеримпекс Импулси е да ги поддржиме
нашите клиенти да идентификуваат потреби и развијат акциски план,
фасилитираме промена за да го поттикнеме успехот на организацијата.
Нашите услуги од областа на менаџментот, човечките ресурси,
коучингот, како и нашите услуги за обуки и развој се дизајнирани за да
ја подобрат продуктивноста, ефикасноста, процесите, комуникацијата и
ангажираноста на вработените.

02 308 50 05

impulsi@impulsi.com.mk

Како може да ви
помогнеме?

Соработката со Самеримпекс Импулси на компаниите им дава можност
со стручна, професионална и посветена работа да го унапредат својот
бизнис и да ги постигнат посакуваните цели.
Тоа значи подобрена ефикасност во работењето, полесно остварување
на целите, поголем профит. Од аспект на вработените, воспоставувањето
на современите менаџмент практики значи појасни насоки за
извршувањето на задачите, поголема продуктивност, услови за поголема
сопственост над своето работно место со утврдени одговорности и
овластувања, зголемено задоволство и намалено ниво на конфликти.

НАШАТА МИСИЈА

За работодавачите обезбедуваме најсоодветни, високо квалитетни и по
мерка на клиентот решенија за човечкиот капитал, кои за резултат
имаат мерливо подобрен индивидуален и компаниски учинок, при
најнизок ризик.