Машински техничар


Производ компанија од Штип објавува слободна работна позиција оперативен машински техничар.

Бараме квалификувани или висококвалификувани кандидати од машинска струка, со работно искуство од минимум 3-5 години (искуство во производствени индустриски капацитети ќе се смета за предност), кои поседуваат возачка дозвола – Б категорија. Потребно е да работи со рачен и електричен алат. Лиценца за заварувач ќе се смета за предност.

Значајно за нас е кандидатот да е тимски играч и да има изразени самоиницијативност, енергичност и посветеност кон работата кои се значајни вредности за нашата компанија.

Одговорности:


- Инсталирање, одржување и поправки на машинскиот парк:
- Дефектажа, отклонување на причина и решавање на дефект кај машините

- Сервисирање и промена на делови
- Инсталација на нови машини
- Редовен сервис, подмачкување и замена на делови на машини и уреди во сите делови од производството
-Тековно и превентивно одржување на индустриски машини

Вашите пријави доставете ги најдоцна до петок 24 јули 2021 година на impulsi@impulsi.com.mk