Дизајнирање, развој, испорака и оценка на обуки

Импулси им помага на своите клиенти да ја достигнат иднината која ја замислиле и кон која се стремат. Без разлика дали тоа е учење за дисциплината човечки ресурси, управување со различни вработени, подобрување на услугите кон клиентите, или извлекување максимум од менаџерскиот тим, ние им помагаме на нашите клиенти да прераснат во организации какви што сакаат да станат. Нашиот тим од специјалисти не само што има признати меѓународни и локални сертификати, но тие се признати лидери во индустријата, обезбедувајќи водство и тренинг за стотици вработени, раководители, лидери, сопственици и HR професионалци. Нашите тренинг програми и производи се испорачуваат во училница за најдобро да ги задоволат потребите и желбите на нашите клиенти.


ДИЗАЈН НА НАСТАВЕН ПЛАН И ПРОГРАМА И РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИТЕ 

Импулси обучува приближно 300 вработени годишно! Целта на сите наши испорачани обуки е подобрување на перформансите/учинокот и унапредување на вештните на вработените. Нашите обуки за лидерство и менаџмент влијаат како на подобрување на работниот учинок, така и на подигање на нивото на нашите клиенти. Секој тренинг модул кој ние го нудиме е внимателно развиен за да ги задоволи потребите на нашиот клиент, истовремено интегрирајќи ја корпоративната култура, визијата и филозофијата на нашиот клиент во тренинг програмите.

При изработката на било кој модел за обука којшто го нудиме, во Импулси применуваме пристап за дизајнирање и развој на наставни планови и програми заснован на проценка на потребите на компанијата. Нашиот процес на проценка на потребите од обука заснован на компетенции е вграден во секоја програма којашто е адаптирана на потребите на клиентот. Ова значи дека резултатите се дефинирани, а потоа и измерени, со што им обезбедуваме на нашите клиенти резултати на коишто може да се ослонат!

Импулси нуди обука во училница, на отворено или комбиниран олик на учење, програми за обука скроени според потребите, како и резиденцијални обуки прилагодена кон потребите и барањата на клиентот.



Други услуги

Контактирајте нé



Контакт

ул. Леринска 79 1000 Скопје Македонија


Е-mail: impulsi@impulsi.com.mk
Телефон: 02 308 50 05
Факс: 02 308 39 28

Контактирајте нé