Стратешко планирање

Денешните деловни субјекти веќе се судриле со фактот дека она што функционирало лани, може веќе да не функционира денес, а може воопшто да не функционира следната година. Бизнисите и организациите се соочуваат со новите предизвици врзани со слабеењето на економиите, технолошките достигнувања, разновидната работна сила, недостатокот на вештини и со глобализацијата. И доколку не планирате стратешки за во иднина, го оставате идниот успех на вашата организација на голата случајност.

Кога Импулси ќе ви помогне во иницијативата за стратешко планирање, можете да бидете сигурни дека имате цврста и сигурна основа што ќе ги води значајните напори кон постигнување резултати.

Пакетите од вештини со кои располагаат нашите фасилитатори, при стратешкото планирање обезбедуваат:

  • Земање во обзир и вградување на националните, регионалните и локалните индустриски аспекти 
  • Целите и достигнувањата се поставени на ниво коешто ги поттикнува успехот и флексибилноста
  • Утврдени се празнините, дефинирани се решенијата и воспоставени се факторите за успех, а моделите за мерење се утврдени и вградени
  • Здрава тимска интеракција, како и провокативни дискусиите кои поттикнуваат активно размислување и вклучување во една контролирана средина
  • Се достигнува едно ниво на консензус, преку постигнување општа согласност, помеѓу сите членови на тимот за стратешко планирање до највисок можен степен, со цел да се поткрепи одржливо ниво на ентузијазам за остварување на планот, како и на подобри и мерливи резултати
  • Најмногу од сè е важно да сте задоволни со резултатите од вашиот труд. Никој не го знае вашиот бизнис подобро од вас, но Импулси ќе ви обезбеди структура и сосредоточеност со која ќе развиете значаен стратешки план.

Импулси има методолошки пристап за задоволување на единствените потреби за стратешко планирање на секој од нашите клиенти, вградувајќи адаптирана обука, деловни продукти, минимизирање на конфликтите и сосредоточување на критичниот дел од идната стратегија на вашата организација. Дозволете ни да ви помогнеме вашиот деловен план да успее!



Други услуги

Контактирајте нé



Контакт

ул. Леринска 79 1000 Скопје Македонија


Е-mail: impulsi@impulsi.com.mk
Телефон: 02 308 50 05
Факс: 02 308 39 28

Контактирајте нé