Системи за управување со учинок

Системите за управување со учинок се водени од деловните потреби, организациската култура и интегрирањето на системот со другите системи за управување со човечки ресурси. Не постои модел кој би им бил добар на сите организации. Ефективните ситеми за управување со учинок:

  • Ја зголемуваат отчетноста на вработените за нивниот учинок на работното место
  • Обезбедуваат пообјективна алатка за мерење на успехот на вработените
  • Обезбедуваат директен пристап до информација за стратешките цели на организацијата, достапна до сите вработени
  • Го зголемуваат процентот на успешност во достигнувањето на глобалните организациски цели
  • Ги ублажуваат ризиците поврзани со практиките за вработување поврзувајќи ја оценката со описите на работни места кои се прифатени од страна на вработените
  • Обезбедуваат мерења за оперативните / бизнис одлуки т.е награди за одличен учинок, наградување, отпуштање и сл. 
  • Покрај тоа, управување со перформансите на организацијата директно влијае на моралот и ставот на вработените, со што се одредува продуктивноста и крајниот успех на организацијата. Денес, управувањето со учинок е клучно за работните услови и клима!

Импулси дизајнира системи за управување со учинок  и алатки за систематично развивање на значајни и мерливи резултати за нашите клиенти.



Други услуги

Контактирајте нé



Контакт

ул. Леринска 79 1000 Скопје Македонија


Е-mail: impulsi@impulsi.com.mk
Телефон: 02 308 50 05
Факс: 02 308 39 28

Контактирајте нé