Упатства за интервју

Интервјуирањето на кандидатите за вработување е клучниот елемент при секој процес на вработување, без оглед на природата на работното место. Постојаната промена на пејзажот во областа на вработувањето, зголеменото ниво на ризик поврзано со вработувањето, како и трошоците кои настануваат со погрешно вработување, се доволна причина да не може да си дозволите спроведување интервјуа без соодветна подготовка. Импулси работи со вас за да развиете една рутинска процедура за водење интервјуа, за да бидете сигурни дека постојано вработувате кандидати којшто најдобро ви одговараат, коишто може успешно да ги извршуваат основните функции за работното место за коешто се ангажирани. Нашите упатства за водење интервју согласно потребите обезбедуваат:

  • Стратешко усогласување со знаењето, вештините и способностите што се потребни за успешно извршување на основните функции на работното место
  • Доследно, сигурно и квалификувано рангирање на кандидатите
  • Стратешко усогласување со мисијата, вредностите и целите на организацијата и на проектниот тим или тимовите.
  • Соодветно ниво на проценка за процес на фазно интервју
  • Задолжителни подготовки пред интервјуто за изведувачите на истото
  • Собирање критични и важни информации
  • Координација и усогласување на улогите на изведувачите на интервјуто
  • Идентификација и стратешка усогласеност со критичните аспекти на работата и на околината 
Не ја потценувајте силата и вредноста на вашите интервјуа. Тие може да ја чинат вашата организација повеќе од вредноста на работното место. Оставете на Импулси да помогне во обезбедувањето успех на вашите интервјуа, а ризикот да го сведе на најниско ниво.


Други услуги

Контактирајте нé



Контакт

ул. Леринска 79 1000 Скопје Македонија


Е-mail: impulsi@impulsi.com.mk
Телефон: 02 308 50 05
Факс: 02 308 39 28

Контактирајте нé