Интерна проценка на работните места

Проценката на работните места е систематски процес на определување на релативната вредност на различни работни места во рамките на една организација, и доделување на хиерархискиот индекс на вредност за секое работно место. Ефикасната проценка на рабоното место ú овозможува на организацијата да:

  • обезбеди фер плата за сите вработени
  • ги привлече и задржи потребните таленти
  • идентификува дуплирање на задачи и празнини меѓу работните места и функцијата овозможувајќи донесување одлуки за стратешко прилагодување
  • ги идентификува барањата за квалификација
  • ги подредува работните места во структурите за плата
  • го одржи внатрешниот капитал.

Во Импулси, нашиот добро обучен и искусен кадар користи непристрасен, сеопфатен пристап кон евалуација на работните места на организацијата.

  • Ние се фокусираме само на самата работа, а не на лицето кое ја врши работа - нешто што може да биде многу тешко да се направи, ако сте вработен во организацијата
  •  Ние имаме разбирање за ефектите кои процесот на евалуација на работата може да ги има врз вработените, како што се несигурност на работното место или стравот од намалување на платите. Затоа помагаме во користење на пристап кој ги вклучува сите нивоа во организација низ континуирана процес на комуникација кој помага да се ублажи загриженоста и да се воспостави чувство на сопственост од резултатите од евалуацијата на работата
  • Ние знаеме колку напорно може да биде вклучувањето на менаџментот и користиме проактивен пристап од самиот почеток да помогнеме да се обезбеди соработка, потребна за успешно завршување на проектот.

Ние спроведуваме проценки на работното место користејќи примери од најдобрите практики во соодветната индустрија. Типично, проценките се прават по завршувањето на анализата на работни места и описите на работни места. Импулси користи квалитативни методи на евалуација, како што е класификација на работни места, како и квантитативни методи, како што е методот на бодовен факторинг кој користи надоместиви фактори за да се утврди внатрешната вредност. Ова е клуч за создавање на внатрешно конзистентен систем за наградување кој може да послужи како стратешка алатка за организацијата.



Други услуги

Контактирајте нé



Контакт

ул. Леринска 79 1000 Скопје Македонија


Е-mail: impulsi@impulsi.com.mk
Телефон: 02 308 50 05
Факс: 02 308 39 28

Контактирајте нé