Анализа и дизајн на систем за наградување

АНАЛИЗА НА НАГРАДУВАЊЕТО И ПЛАНИРАЊЕ


  • Не сте сигурни дали им плаќате на вработените премалку или премногу?
  • Ги губите добрите работници заради подобро платена работа на други места?
  • Имате наградување според застарен систем?
  • Само што започнавте со работа и ги примате првите вработени?
  • Ги проширувате вашите услуги и ја правите вашата работна сила поразновидна?

Без оглед која е причината, Импулси може да ви помогне во сите области на системот на наградувањето, од политиката на плати и развојниот план преку одобрување од страна на одговорни лица и извршување.

Услугата на Импулси за анализата и дизајнирањето на Планот за наградување и за надоместоци ги опфаќа сите степени на сеопфатен преглед, префинетост, и/или развој на програми за наградување, коишто обезбедуваат стратешко усогласување со секој поединечен клиент. Нашите услуги поврзани со анализата и дизајнот на системот на наградување и планирање, на нашите клиенти им обезбедуваат:

  • Подобрена конкурентност преку тековните структури за наградување усогласени со пазарот на труд, коишто помагаат да се привлечат, мотивираат и задржат вработените со висок квалитет, а согласно буџетските можности на организацијата.
  • Управувањето со ризиците коешто произлегува од спроведувањето на конзистентни и издржани структури на плати - развиени од страна на непристрасна, етички обврзана трета страна - којашто ги исполнува барањата за однесување според законските правила за еднаква вредност.
  • Алатки и услуги кои се потребни за поддршка на спроведувањето и независното управување и одржување на целокупниот систем на наградување, како водич за конзистентна и издржана основа за утврдување на платите според учинокот.

Без разлика дали ви е потребна потполна анализа на вашиот сегашен систем за наградување, или започнувате програма за наградување од ново, или ви треба опсег на плати за само неколку нови работни места, Импулси може успешно да ги исполни барањата на вашиот проект!



Други услуги

Контактирајте нé



Контакт

ул. Леринска 79 1000 Скопје Македонија


Е-mail: impulsi@impulsi.com.mk
Телефон: 02 308 50 05
Факс: 02 308 39 28

Контактирајте нé