Специјалист за финансии

ОГЛАС СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ФИНАНСИИ

За потребите на нашиот клиент, регионална компанија, ги бараме најдобрите кандидати за позицијата СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ФИНАНСИИ

Кандидатот што го бараме:

Има високо образование – Економски Факултет

Има работно искуство на слична позиција или на друга позиција поврзана со финасии, најмалку од 2 години

Одлично познава и користи пишан и говорен англиски јазик 

Има одлично познавање на МS Office, особено напреден Excel 

Е организирана и самомотивирана личност 

Има однос кон детали 

Има истакнати комуникациски вештини

Е тимски играч кој соработува со раководителите на проекти

Нашиот Специјалист за финасии:

Води евиденција на изводи, патни налози и материјални трошоци

Врши проверка на документацијата и креира налози за плаќање

Организира исплати по договор на дело

Ги евидентира и врши проверка на сите побарувања и обврски 

Издава фактури за проекти со целосна проверка на влезни фактури и трошоци

Постапува според законската рамка за финансиско и даночно работење

Евидентира и документира во деловодна книга

Ги подготвува документите за сметководство 

Подготвува извештаи

Планира парични текови

Придобивки:

Одлична работна атмосфера и меѓучовечки односи

Можност за работа со ментор за напредување и сопствена реализација


Заинтересираните кандидати/ки треба да ги достават своите биографии најдоцна до 17.09.2021 на impulsi@impulsi.com.mk, со назнака: оглас за Специјалист за финансии



Контакт

ул. Леринска 79 1000 Скопје Македонија


Е-mail: impulsi@impulsi.com.mk
Телефон: 02 308 50 05
070 252 812
070 252 792

Контактирајте нé