Асистент за финансии и известување

Асистент за финансии и известување

Оддел за Финансии


ЕОЅ Матрих е дел од групацијата ЕОS, водечка финансиска компанија во Европа и експерт во областа на наплата и откуп на побарувања. ЕОЅ е компанија присутна во 26 земји во светот, со околу 7,000 вработени и насекаде во светот нуди еднакви можности за вработување и обука

Кандидатот што го бараме:

Има високо образование – Економски факултет (Сметководство и ревизија - ќе се смета за предност) 

Активно и професионално работи со подготвување на финансиски извештаи и анализи. 

Има најмалку 2 години проверливо професионално искуство во сферата на обработка и 

анализа на финансиски податоци, подготвување на финансиски извештаи за деловното 

работење.

Има одлично познавање на МS Office (особено  EXCEL)

Има одлично познавање од сметководствено работење

Има познавање на домашната законска финансиска регулатива и меѓународните сметководствени стандарди (ќе се смета за предност).

Самоиницијативност и креативност

Способност за тимска работа и работа под притисок


Нашиот Асистент за финансии и известување

Работи во Одделот за Финансии и врши собирање и обработка на финансиските податоци од тековното работење и истите ги презентира во одредени временски интервали на Менаџментот на компанијата или ги внесува во системите за известување.

Ги води финансиските продукти на компанијата на оперативно ниво и секојдневните промени ги внесува во системите за нивна обработка и следење.

Го организира и спроведува процесот на набавки во Компанијата.


Придобивки:

Работа во интернационална компанија со препознатлива корпоративна култура;

Одлична работна атмосфера и меѓучовечки односи;

Можност за напредување и сопствена реализација.


Заинтересираните кандидати треба да ги достават своите биографии најдоцна до 12.03.2021  на

impulsi@impulsi.com.mk



Контакт

ул. Леринска 79 1000 Скопје Македонија


Е-mail: impulsi@impulsi.com.mk
Телефон: 02 308 50 05
070 252 812
070 252 792

Контактирајте нé