Производствена компанија од Штип со експоненцијален раст нуди вработување за сметководител со следните одговорности:
- Книжење и контирање на сметководствена документација врзана за трансакции во земјата и во странство
- Изготвување на план за плаќања кој гарантира ликвидност
- Изготвување на пресметки за плати
- Водење на сметководствена евиденција
- Подготовка на извештаи за потребите на компанијата (за трошоци, парични текови, побарувања и обврски, инвестиции и сл.) и за државните институции, согласно законските прописи и барања
- Ја контролира даночната евиденција
- Учествува во изготвување на завршни сметки
- Координација со сите клучни засегнати страни
- Следење и примена на законска регулативи и сметководствени стандарди
Клучни барања:
- Диплома од завршен Економски факултет, предност е насока сметководство, ревизија или финансии.
- Поседување на активна лиценца за овластен сметководител.
- Познавање на работа со компјутер (MS Office, ERP системи) и сметководствен програм за книжење.
- Познавање на законската регулатива и нејзино АКТИВНО СЛЕДЕЊЕ, задолжителни посети на семинари/обуки/запознавање со новините, измени и дополнувања на закони
- Задолжително работно искуство најмалку 5 години како сметководител и сметководствено-финансиска оператива, подготовка на завршна сметка и сл.
Нудиме:
- Работа во млад тим
- Работно време од 07:00-15:00 часот
- Седиште: Штип
- Плата: 30.000 денари, нето
- Кариерен развој