Соработник за маркетинг и продажба

АКРОН СТАКЛО, иновативна и динамична компанија за производство на гранулат од рециклирано стакло, објавува ОГЛАС за вработување на следната позиција:

СОРАБОТНИК ЗА МАРКЕТИНГ И ПРОДАЖБА

КЛУЧНИ БАРАЊА ЗА ПОЗИЦИЈАТА

Високо образование (предност се смета факултет од техниките науки и/или економија)

Работно искуство на слична позиција од најмалку 2 години

Одлично познавање и користење пишан и говорен англиски јазик 

Одлично познавање на МS Office– работа со МS Excel на напредно ниво

Познавање на техники на продажба, креирање бази на клиенти, водење на продажен процес

Високо самомотивирана личност за развој, истражување на пазарни можности и градење релации со сите чинители во процесот на работа

Упорност и способност за градење личен авторитет и интегритет, особено во комуникација со клучни чинители важни за компанијата (клиенти, институции, добавувачи и сл)

Практикување флексибилен пристап во комбинирањето на извршувањето на задачите и способностза роценка на приоритети

Посветеност на континуиран развој и постојано учење

Подготвеност за работа на терен и во индустрија која подразбира директен контакт со производните капацитети на компанијата


КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ


Соработка со marketing & advertising агенција која компанијата ја има ангажирано за реализација на своите продажни цели

Истражување на опции за разни нивоа на продажни канали за различни производи на компанијата

Истражување и воспоставување првична комуникација со големи европски и светски дистрибутивни куќи и други продажни канали кои работат со продуктите на компанијата

Пласман кај увозници на опрема кои користат гранулати од стакло како репроматеријал 

Разработка на системот на онлајн - интернет продажба

Детално познавање на сите производи на компанијата и предлагање нови производи и пакувања, во зависност од барањата на клиентите/пазарот

Координација со одделот за производство и магацинот за навремена и точна испорака на производите до клиентите

Изработка на анализи на конкуренција преку интернет истражување на европски и светки производители во дејности исти или блиски на компанијата – продукти и цени кои тие ги произведуваат – предлагање ценовна политика врз основа на пазарните цени

Посета на настани и саеми со цел истражување можности за развој на бизнисот и остварување контакти со потенцијални клиенти

Соработка со маркетинг агенцијата за реализација на маркетинг активности и пласирање содржини на веб страната на компанијата

Изготвување фактури/испратници, извозни документи

Координација со шпедитери и превозници за извоз на производи и увоз на репроматеријали од странство

Следење на состојбата со наплата



ПРИДОБИВКИ

Работа во динамична компанија која е во брз развој, можност да се искажат свои идеи за креирање поголеми резултати 

Можност за работа под менторство на високиот менаџмент на компанијата, со цел личен развој и брзо превземање на одоговорностите, за напредување и реализација на компаниските цели


ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СТЕ?

Пријавете се со своја професионална биографија – CV и мотивациско писмо (објаснете на кратко што

Ве привлече да се пријавите), најдоцна до 19.06.2021 година, на impulsi@impulsi.com.mk



Контакт

ул. Леринска 79 1000 Скопје Македонија


Е-mail: impulsi@impulsi.com.mk
Телефон: 02 308 50 05
070 252 812
070 252 792

Контактирајте нé