За Тимот

Биљана Велевска - Сертифициран обучувач, консултант за деловен развој и човечки ресурси

Биљана Велевска раководи со компанијата Самеримпекс Импулси од 2000 година. Дејноста е консултанство од областа на менаџментот, организацискиот развој, управувањето со човечки ресурси и развој на кадарот. Компанијата е партнер на Personal Strengths Macedonia, www.ps.mk, која е застапник за SDI методологијата и алатките за Македонија, Бугарија, Албанија и Косово. 

Велевска има огромно искуство во управување со проекти, консултантство, анализи, дијагностики и обуки, као во приватниот, така и во јавниот сектор, како во Македонија, така ки во странство. Има 10 години искуство со проекти во компании, особено во полето на менаџментот и управувањето со човечки ресурси, како што е планирање на човечки ресурси, планирање на анализа на работни места, регрутирање и селекција, мотивација, утврдување потреба од обука и развој, развој на наставни планови и програми, испорака на обуки, развој и спроведување на системи за управување со учинок, системи за наградување, кариерен развој.

Биљана Велевска е магистар по Европски менаџмент на Europa Institute во Германија. Поседува сертификат за SDI (Strengths Development Inventory) фасилитатор ниво II, и обучува SDI фасилитатори. Сертифициран меѓународен фасилитатор за кариерен развој (Global Career Development Facilitator) и Неуролингвистички практичар (NLP Practitioner). Има државен сертификат за обучувач на возрасни и за обучувач на обучувачи за возрасни. Основач е и член на Управен одбор на Асоцијацијата на советници за кариера (АСК).


Наташа Ивановска - Сертифициран обучувач, деловен коуч и консултант за човечки ресурси и маркетинг

Повеќе од 17 години искуство на менаџерски позиции во компании специјализирани за човечки ресурси и развој на кадар, како и специјализирани за комуникации - внатрешни и надворешни (маркетинг и односи со јавност). Формално образование на Технолошкиот факултет во Скопје и постдипломски студии на Sheffield University - City College of Thessaloniki. Работни посети на Arizona State University (ASU) во Феникс, САД и деловни посети на компании и организации во Лос Анџелес и Лас Вегас. 

Ивановска има престижна специјализација за коучинг на програмата "Art and Science of Coaching" (TASC) при Ericson Coaching College од Торонто, Канада, која поседува „Златен Стандард“ при Меѓународната коучинг федерација (ICF). Сертифициран обучувач и фасилитатор за Personal Strengths и Strengths Deployment Inventory (SDI). Од 2011 е основач и партнер во Personal Strengths Macedonia, застапник за SDI методологијата и алатките за Македонија, Бугарија, Албанија и Косово. Член на Управен одбор на Асоцијацијата на советници за кариера (АСК) и нејзин прв Претседател.


Зоран Тодоровски - Сениор обучувач

 Од 2008 година сениор обучувач при консултантската компанија Самеримпекс Импулси. Повеќе од 30 задачи како сениор обучувач / консултант за обуки во компании и менторски сесии во рамки на различни компании во Македонија на различни теми како што се: маркетинг и продажба, брендирање, лична продажба, продажба на мало, комуникација, преговарање, грижа за клиентите, управување со промени, мотивација, итн.

  • Две години професор на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје
  • Пет години работно искуство како маркетинг менаџер во проектот на УСАИД "Произведено во Македонија"
  • Три години искуство како извршен директор на Македонското здружение на артизани, невладина организација специјализирана за техничка помош и поддршка на развојот на микро и мали претпријатија (занаети, мебел, и туризам), со околу 100 членови.
  • Две години искуство како координатор за продажба и маркетинг во Калифорнија Марвин, трговска компанија од САД, одговорен за управување со одделот за домаќинство во Остин, Тексас Соединетите Американски Држави
  • Една година искуство како специјалист за развој на претприемништвото во проектот СФАРМ 3 Сида (имплементирана од Svede Agri Invest - Шведска), на синџири на вредности и развој на задруги.
  • Повеќе од една година искуство како виш советник за земјоделство во СНВ - Холандска развојна организација за развој на мали земјоделски бизниси.
  • Седум години искуство како генерален директор на мало претпријатие за производство и трговија со мебел и прибор од дрво, занаетчиски производи и производи за дома.
  • Шест години искуство како правен советник во Стокопромет, една од најголемите македонски компании за извоз - увоз во секторот на трговијата со земјоделски производи и месо (јагнешко и говедско) во рамки на поранешна Југославија.
  • Зајакнување на институционалните капацитети и техничка помош на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија (особено поддршка за развојот на мерките содржани во Македонскиот национален план за рурален развој 2007-2013)
  • Техничка помош (две советодавни мисии) на Министерството за земјоделство на северниот дел на Кипар во развојот на мерки за Планот за рурален развој 2008 -2009 на северниот дел на Кипар).


Ирена Јакимова - Сертифициран обучувач, консултант за деловен развој и коуч

Ирена Јакимова од 2011 година активно работи како тренер (предавач) и консултант на менаџери, претприемачи и компании. Пред ова, таа има изградено огромно искуство во областите на маркетинг, рекламирање и комуникации, како за компании, така и за меѓународни развојни организации. Повеќе од 15 години има работено за домашните претставништва на интернационалните рекламни агенции, како што е DDB Needham (ИДЕА Плус), МекКен Ериксон Скопје, кој што го раководеше 6 години, период што вклучува клиенти како Кока-Кола, МекДоналдс, Нестле, Џенерал Моторс, УСАИД и други. Таа беше и еден од основачите на првата Македонска Асоцијација на Агенции за Маркетинг (МААМ), како и иницијатор за стартување на Лондонската Школа за Односи со јавноста, во Скопје. Пред да се посвети на областа на тренинг и консалтинг, работела неколку години и во Канцеларијата на Обединетите нации и УНДП во Македонија. 

Ирена Јакимова има огромно искуство во маркетинг и комуникациски стратегии и водење кампањи, во менаџмент на проекти, тренинг и коучинг. Нејзиниот ангажман во областа на тренинг и едукација ги покрива темите од областа на менаџмент, комуникација, продажба, мотивација и личен развој. 

Ирена Јакимова има завршено Мастер на деловна администрација (МБА) по општ менаџмент, на Универзитетот од Шефилд, на Сити Колеџот во Солун. Покрај формалното образование, таа има и сертификат за професионален обучувач на возрасни, СДИ фасилитатор, како и Мастер практичар и коуч на НЛП (невро-лингвистичко програмирање). Таа е, исто така, и лиценциран советник (брокер) за осигурување и инвестирање.





Контакт

ул. Леринска 79 1000 Скопје Македонија


Е-mail: impulsi@impulsi.com.mk
Телефон: 02 308 50 05
Факс: 02 308 39 28

Контактирајте нé